Одржување на паркови
Елитната единица „Паркови, зеленило и одржување на чистота“.
    Единицата „Паркови и зеленило“ или попозната мегу комуналците како Елитна единица, врши континуирано чистење на сите паркови, јавно промети површини, зелени површини, одстранување на смет од ЈПП.

    Оваа единица е впрочем лицето на градот. Нивната работа и пожртвуваност е забележитела последнава година, каде веќе се внимава да се исчисти и секој пикавец од цигара.

    Воведен е нов начин на одржување на улиците со Проектот „Човек улица“ каде се опфатени 30-сетина поголеми градски улици, со што еден човек е задолжен за секојдневно одржување на улицата.

    Единицата „Паркови и зленило“ врши секојдневно одржување на парковите, како и нивно разубавување со нови сезонски цветни расади. Одржувачите на чистота вршат миење на улиците, плоштадите и тротоарите.

    Единицата за косење и полевање врши континуирано косење на парковите Градската река се одржува беспрекорно чиста. По секое надоаѓање на Оревоечка река се прави темелно чистење на речното корито.
    Големо внимание комуналците посветуваат на дрворедите по сообраќајниците, со што им се продолжува животниот век, а се врши и засадување на нови садници.
Оваа единица е наречена Елитна, затоа што учествува со човечки ресурс и механизација при гаснење на пожари, при пошумување, помош при организација на градски манифестации, помош на одредени социјални структури, како и помош на училишта со косење и чистење на дворовите. Од Комуналец пред секој почеток на учебната година вршат чистење на дворовите и миење со преден млаз од цистерна. Иако ова не е обврска на оваа единица, тие како на смеа велат дека сиот трошок и работна рака, го прават за дечињата а не за возрасните.