Комуналец гради фабрика за секундарна селекција на отпад

 

 

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, гради фабрика за секундарна селекција на отпад, до депонијата во Алинци.

Градбата е во тек и моментално се работи на кровната конструкција и одводниот дел. Во фабриката ќе се преработува целокупниот комунален отпад од општина Прилеп. Моментално Прилеп акумулира околу 30 илјади тони отпад годишно. Фабриката ќе се гради етапно, со приоритет на изведба на хала, за да може да се инсталира Линијата за селекција на отпад, и оградувањето кое е законски дел за добивање на дозвола.

Потоа ќе се пристапи кон уредување на платото, доградба на потребни административни и работни простории, уредување на просторот и др. По оваа инвестиција ќе започне и изградбата на компостарата, која првично ќе се прооектира само за потребите на моменталниот биоразградлив отпад. Компостарата, дел ќе се гради со средства од Програмата за меѓугранична соработка од ЕУ фондовите во партнерство со грчки и македонски градови, а дел со средства од ЈКП„Комуналец“ - Прилеп.

Во делот за изведување на земјени, бетонски , армирачки и изолациони работи инвестицијата е 6.048.047 ден. Додека за челичната конструкција и покривни работи инвестицијата е 6.284.744 ден. Лимаро браварските, фасадерските работи се со инвестиција од 5.499.500 ден. Набавената и исплатена Линија за селекција на отпад е во вредност од 14.695.500 денари од фирмата Техникс од Хрватска.

Комуналец од сопствени сердства има вложено во купување на земјиште од 40.757 м2 , со вредност од 2.934.448 денари, или по едно евро и двасет центи од метар квадратен. Дополнително треба да се вложува во Дробилка за градежен шут, и мали дробилки за отпад кој не се продава, а ќе се користи како олеснет материјал во подлога за локални и колски патишта. Моментално ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, продава отпад за околу 800.000 до 1.000.000 денари месечно, или на годишно ниво околу 10.000.000 денари, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, има приход од продажба на рециклиран отпад.