Контењери за отпад

ЈКП„Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа, инсталираше 50 нови контејнери за мешан отпад и уште 32 контејнери со нов облик за ПЕТ амбалажа.

Комуналец се реши на ваков чекор со цел, подобрување на услугите спрема граѓаните. Од Комуналното претпријатие велат дека замена за старите контејнери не била извршена подолго време.

    Со подобрените услуги во делот на инсталирање на комунална инфраструктура. Очекувањата од Комуналците се дека граѓаните ке покажат висока свест спрема правилно селектирање и одлагање на отпадот.


    Прилепчани, досега покажале одлична соработка високо развине свест во делот на одлагањето на ПЕТ амбалажата.

    Само годинава Локалната самоуправа и Комуналец поставија 100 нови контејнери за мешан отпад од еден кубен метар, 80 контејнери за ПЕТ амбалажа и 18 нови контејнери од 5 метри кубни, таканаречени подигач или вкупно 200 нови контејнери се инсталирани низ градов, а мал број и во наслените места.