Комуналец и Локалната самоуправа го чистат Дабнички канал

 

 

Се чисти Дабнички канал од населбата Тризла до сливот на каналот со Оревоечка река.

Разноразен отпад исфрлен од несовесните граѓани се транспортира до депонијата во Алинци. Акцијата беше спроведена од Локалната самоуправа, а свој придонес во работењето даде и Јавното комунално препријатие Комуналец.

Ги замолуваме граѓаните да внимаваат на животната седина и сиот комунален отпад освен градежен шут да го доставуваат на комуналното преторијатие, кое по Закон има обврска да го собере и депонира. На располагање сме во секое време да им излеземе во пресрет на граѓаните, безразлика на собраните количини, само така ќе имаме чист град и здрава животна средина, изјави Рубин Абрашоски- технички директор на ЈКП„Комуналец“ -Прилеп.

Локалната самоуправа, вложува континуирано во развојот на општината, но приоритет ни е секако чиста општина. Дабнички канал е еден од попроблематичните точки, каде неконтролирано се исфрла отпад. Затоа, во соработка со ЈКП„Комуналец“-Прилеп, гледаме секоја година да се исчистат речните корита и дивите депонии, за да има проток на вода, како не би дошло до излевање на каналот, но и визуелниот изглед да биде подобрен - изјави Мрајан Ристески, градоначалник на општина Прилеп. Тоја додаде, дека наредната 2018 год. Локалната самоуправа ќе се посвети на изградба и уредување на речното корито од Градската река, каде со средства од Локалната самоуправа ќе се направат патеки, ќе се вгради урбана опрема, на одредни места коритото ќе биде проширувано со изградени гејзери. Ова во многу ќе го подобри урбаниот изглед на градот, додаде градоначалникот Ристески.

ЈКП„Комуналец“-Прилеп, есенва ќе се посвети на чистење и на дивите депонии, кои од година во година се се помалку со оглед на едукацијата на граганите, но и интегрираното управување со отпад од страна на Комуналец.