Прилепски Комуналец на врвот на својата задача за Пиво фест

По сите убавини кои се случуваа на овогодинешниот Пиво фест, останува комуналците да исчистат се она што многубројните посетители оставија зад себе по синоќешната прва вечер, со цел, убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба, како и ништо да не се случуавало.

Задача е на комуналците до 7 часот наутро централното градско подрачје да биде со најбеспрекорна чистота. Тоа и сите овие години наназад го успеваат со добра организација и екипираност.

Од рани зори, единицата за селекција на отпад, најнапред, собра се она што може да се рециклира. Додека, пак, единиците Метачи и Паркови и зленило пристапија кон темелно метење и миење на плоштадите, улиците, тротоарите и зелените површини. Не помала е работата и на единицата Подигачите на отпад, кои, се она што ќе соберат треба да го транспортираат и депонираат до депонијата Алинци.

Горди на својата работа, горди на постигнувањата и пофалбите кои ги имаа од посетителите, комуналците остануваат на заложбата градов да го држи приматот за најчист град и да биде пример во државава, како и за големи манифестации може да се постигне врвна чистота.

Со вакава организираност на комуналците се дава придонес кон фестивалот, граганите да се бидат горди на својот град, а секој добонамерник да се чувствува пријатно и расположено.