Прилеп, едниствен град во Македонија со спроведена примарна селекција на отпад

 

 

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, набави уште 1350 корпи за селекција на отпад, кој ќе се распределуваат во населбата Варош.

Со инвестиција од околу 19.000.000 ден. и со опфат на домаќинствата кои селектираат отпад од 65%, Прилеп е лидер во регионов кој успеа да ја примени примарната селекција на отпадот. Иако е најефтин модел за имплементирање во инвестиционитиот дел, ваквиот модел на слекција е најтежок од организационен аспект. Досега ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, покажа одлични резултати заедно со граѓаните и стопанството во примарното селектирање. Овој модел со партиципација на сите инволвирани во управување на отпадот е во интерес на сите прилепчани. Садовите за отпад се со жолта и зелена боја, или граѓаните кои селектираат отпад во зелената канта го одлагаат биоразградливиот отпад, додека во жолтата се одлага Пет, најлон, хартија, картон, стакло, и сиот отпад од било кој амбалажен производ.

Во тек е изградбата на фабриката за секундарна селекција на отпад која е лоцирана до депонијата Алинци, каде Комуналец инвестираше во купување на приватно земјиште, набавена е линијата за селекција на отпад. Со планираната компостара, која ќе започне да се гради годинава, Комуналец ќе докаже дека со сопствени средства и со планирање на количини и инвестиции , може да се управува отпадот со најниска такса за губретарина. Што добиваат прилепчани. Во идната планиран а Регионална депонија во Пелагонискиот плански регион, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, ќе депонира само мал процент на отпад, а со тоа ќе се избегнуваат таксите за депонирање по тон.