ЈКП„Комуналец“ - Прилеп ќе гради компостара со пари од ИПА програмата

 

 

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, доби Проект за изградба и набавка на машини за компостара од ИПА - третата компонента, од програмата за прекугранична соработка.

Минатава недела во Солун, се одржаа прелиминарни преговори на која средба учествуваа сите партнери во проектот и претставниците на Заедничкиот технички секретаријат за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. Партнери во Проектот од македонска страна се Прилеп, Велес и Свети Николе, а партнери од Грција се две општини од Солун, Термаикос и Халкидона и Универзитетот за технолошка преработка од Солун. Грантот за изградба на компостара од ИПА е 10.675.000 ден. и опфаќа чистење, тампонирање, набивање на плато и набавка на машини за компостара. Дополнително, Комуналец од сопствени средства ќе инвестира во асфалтирање на плато, изградба на отцедни канали, таложница и складишен простор. Според сите мерења на сопствените количини и користење на податоци од странски компании кои се занимаваат со производство на компостирање, за почеток ќе се гради отворен систем за компостирање со дел складишен простор за сув компост, на површина од 4000 м2 .

По отворањето на фабриката за селекција, кога слободниот капацитет ќе се користи за линиска преработка на старата депонија, биоразградливиот отпад ќе се носи во компостарата, каде, ако покажат биолошките испитувања дека компостот нема примеси ќе се преработи стариот складиран биоразградлив отпад од депонијата во компост.

По сите мерења на отпад, следење на патот на отпадот, финасиските конструкции за примарна и секундарна селекција од ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, сметаат дека помалите општини каде е применлива примарната и секундарната селекција е нај исплатлив модел, во инвестициониот дел, и препорачуваат дека секоја општина може сама да го реши управувањето со отпадот. Вака, само мал дел би депонирале во Регионалните депонии, кои не треба да се погрешат и да се предимензионираат, со цел да се одмалат трошоците за инвестиција во планираните регионални депонии.