ЈКП„Комуналец“ засади 100 брези

 

 

Во паркот на Могилата, во населбата Тичила, на улицата Мице Козар и мал дел во населбата Димо Наредникот, комуналците засадија стотина брези со што уште еднаш ја покажаа грижата која ја водат години наназад за чиста животна средина и уреден Прилеп

Со оглед на временските прилики кои годинава не беа наклонети за задување заради долгата зима и сушната пролет, од Комуналец најавуваат дека со засадување ќе продолжат наесен кога освен бреза ќе се засадува Липа, јапонска цреша, багрем и див костен.