Хортикултурно уредување на двосмерната улица „Димо Наредникот“

 

 

По авениското изведување на двосмерната улица Димо Наредникот ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, изврши хортикултурно уредување.

Се засади централниот дел со Боксус семпервиенс, берберис нана, будлеја, емералд голд, јуниперус, лавандула, прунус етна, туја теди, даница и туја аура нана, ситна роза и разновидно цвеќе.

Со изведувањето на трите парка со површина од 9.000 м2 и нивно комплетно уредување со изведувањето на новата авениска улица и хортикултурата оваа населба го добива приматот најубава населба во Прилеп.