Миење на улиците

Комуналец не го напушта приматот.

   Екипи на ЈКП„Комуналец“ интезивно ги метат улиците од се она што остави зимската служба за одржување на улици и патишта. На почеток ке се мијат сите централни улици, тротоари и плоштадите, а потоа и споредните улици. Од Комуналец велат дека иако е се трошат пари за ова рано миење на улиците, неможеле да си дозволат да чекаат да падне наредниот снег, а дотогаш граганите да газеле во кал и прашина. Или ако сакате, можеби ова Комуналците го прават, со цел да не го изгубат приматот на ниво на Република, најорганизирано претпријатие во делот на одржување на Јавно прометните површини. Ги запрашавме што ако падне повторно снег?! Тие велат: повторно ќе исчистиме од снег, таму каде што треба и ќе го собереме и транспортираме и пак со првото сонце, се ќе изметиме и измиеме.


    Во пролетниот и летниот период според Општинскиот оперативен план секојдневно се мијат главните сообрајкајници и неколку поголеми улици,а неделно се врши миење и на неколку споредни улици.

    За сите празници и за манифестациите кои се одржуваат во градов Комуналец врши темелно миење на улиците, плоштадите и тротоарите.