Комуналец ги чисти дивите депонии околу градот

 

 

Со акцијата Македонија без отпад, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, опфати неколку депонии на кои се работеше со градежни машини, а отпадот беше транспортиран до депонијата Алинци

И покрај апелите, грѓаните за било кој отпад да се обраќат до Комуналец, сеуште културата на живеење не е на завидно ниво – вели Златко Ристески директор на ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, и додава дека непотребно фрлените средства за чистење и депонирање на дивите депонии можат да се искористат во изградба на паркови каде во минатото ЈКП„Комуналец“ - Прилеп се покажа како фирма со опшествена одговорност кон граѓаните.


За управување со дивите депонии, општината и Комуналец трошат дополнителни средства.


Беа исчистени дивите депонии кај надвозникот за Битола, над касарните и патот за езеро. Во октомври и континуирано во ноември ќе се чистат дивите депонии во ромаската населба,  по обиколницата за Градските гробишта, Ленишки мост, Заполшки мост и патот за Оревоец.


И покрај апелите од комуналците да се обраќаат до нив за било кој отпад, несовесните граѓани, а и приватните градежни фирми не ги почитуваат правилата за управување со отпадот.
Ова е трет пат годинава, Комуналец да ги чисти дивите депонии.