Собирање на отпадна електронска и електрична опрема

 

 

Општина Прилеп, во согласност со Законот за собирање на електрична и електронска опрема потпиша договор со овластениот постапувач Друштво за управување со отпад „Еколект“, ДОО – Скопје

Од месец октомври 2015 година, континуирано, по повик од домаќинствата, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, врши селективно собирање на овој вид габаритен отпад.


ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, го запознва населението кој производи спаѓаат во групата електричен и електронски отпад, колку е штетен за околината доколку се најде исфрлен во природа и на кој начин може да се отстрани производот од домот.
За оваа цел достевни се и еколошки станици за собирање на овој вид отпад, за кој, законската регулатива вели дека кога ќе биде собран, треба и да е заштитен, односно да биде складиран о прописно изградени магацини или еколошки станици под клуч.


Како ЈП формирано од општината  договорено е ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, на територијата на општина Прилеп, да го собира електронскиот и електричниот отпад, да го складира во прописно изградена и заштитена хала и да го предава за постапување или уништување на „Еколект“.