Во 2016 год се гради вториот парк по големина Точила 2

 

 

На површина од 20 илјади метри квадратни ЈКП„Комуналец“ и Локалната самоуправа ја разубавуваат Точила 2

Ископан е бунар и спроведена технолошка вода што е предуслов за изградба и тековно одржување на зелени површини. Паркот опфаќа детски игралишта, патеки, зелени површини, изведба на паркинг простор и урбана опрема.

Во 2017 година планирано е да започне  уредувањето и на Точила 3. Од 2011 година со континуирани вложувања населбата Точила стана пример како една станбена населба треба да изгледа и континуирано да се одржува со сите содржини.