Информација за граѓаните

 

 

Не се мачете да го исфрлате отпадот било каде, Комуналец бесплатно го зема од домовите.

Овие фотографии се речиси од централното градско подрачје во Прилеп, од улицата Кузман Јосифоски. Граѓанин од улицата ја реновирал сосптвената куќа и на тротоарскиот дел од улицата оставил остатоци од градежен шут. Мислеќи дека тоа е во ред, негов сосед од близината ги исфрлил сите непотребни работи од домот врз купот градежен шут. Сликата е повеќе од невкусна, а говори и за нашиот однос во средината во која живееме.

Колку и како го почитуваме градот, нашиот сосед, дечињата кои се наши и од соседството, на кои им даваме лош пример како нетреба, велат од ЈКП„Комуналец“, . И додаваат, дека, и покрај апелите граѓаните да се обраќаат до нив за било кој отпад од категоријата на комунален отпад, кој ќе им биде бесплатно подигнат, без разлика на количината, и понатаму сосвеста кај поединци никако да проработи.

Од Комуналец, уште еднаш ги информираат граѓаните дека единствено се наплаќа градежниот шут за кој им обезбедуваат 5 метри кубни контејнер или трактор со можност за утовар на градежен шут. Во неколку наврати досега, од Комуналец, информираа, дека за габаритен отпад, електричен и електронски отпад , и поголеми количини на стакло, граѓаните треба да се јавуваат во комуналното претпријатие, а истиве во најкраток можен рок ќе им ја извршат услугата бесплатно.

За да бидат на услуга на граѓаните кога имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, електричен и електронски отпад можат да се обраќаат до мобилната служба на телефонот 428- 992, по што, комуналците во најкраток можен рок ќе им закажат термин и овој вид на отпад ќе им биде подигнат од домовите. Воедно, доколку граѓаните имаат сопствен транспортен превоз ваквиот вид на отпад можат да го достават до собирното плато во селектирницата на Комуналец, во населбата Сточен пазар. Со ова, како што велат од Комуналец, ќе ги избегнат неубавите слики кога поедини граѓани до контејнерите оставаат цели кревети, витрини, електричен и електронски отпад, или пак поголеми количини на стакло или како во случајов погоре, комплетниот отпад од реновирањето или пак чистењето на домот да го остават на улица, без притоа да ги информирате комуналците. Додека, пак, градежниот шут, земја, отпадоци од материјали кои се користат во градежништвото и др. Комуналец доставува контејнери од 5 метри кубни со наплата од 980 денари. Со вака поставениот принцип на организација и работа, Комуналец е единствен град во Македонија каде во моментов издвојува над 28 различни видови на селектиран отпад.

Време е граѓаните да прифатат дека во Прилеп се селктира отпадот, дека беспрекорната организација на претпријатието Ви нуди бесплатни можности за подигање на повеќе видови и поголеми количини на отпад, иако во развиените држави ваквата услуга се наплаќа.

Можеме да констатираме дека некогаш не е до парите, до совеста е.