Блеснува и голема зелена површина во Точила 2

 

 

Населбата Точила комплетно се озеленува и урбанизира.

Летово треба да заврши изградбата на вториот парк во комплексот згради Точила, каде се уредува горниот дел од Точила, популарно наречен Точила 2.

Се поставуват ивичници, на местата каде е потребно се изведуваат нови бекатот патеки, паркинг простори, се поставува урбана опрема, а наместа според проектот се изведуваат детски игралишта. Паркот е на површина од 20 илјади метри квадратни , каде за потребите е ископан бунар и спроведена инасталација за технолошка вода.

Грѓаните кои живеат во оваа населба се презадоволни од изведбата и можностите кои се направени пред нивните живеалишта.

Паркот во Точила 1 беше изграден во 2013 година на површина од 23 илјади метри квадратни и со вкупна инвестиција од 12 милиони денари.

Паралелно, Комуналец работи и на изведба на парковска површина во комплексот згради Бончејца и на изведба на маалски парк во населеното место Лагово.