Механичарска работилница

Со сопствен труд од врабитените ,се штедат пари за скапи набавки.

    Механичката работилница на ЈКП„Комуналец“ е оформена со цел брза и навремена ислуга на граѓаните и навремена поправака на возилата. Вработените се грижат беспрекорно да се одржува возниот парк со навремена замена на делови, редовно подмачкување, замена на масла и следење на дотраеноста на гумите.

Изминативе три години, заради ажурноста на вработените механичари и авто електричари, возниот парк е во секое време подготвен да одговори на брза и квалитетна ислуга на граѓаните.


    Покрај ова, во работилницата се изработуваат и детски реквизити за парковите, парковски клупи, сите ситни потреби за паркови, а воедно заради заштеда на пари во работилницата се изработени и жичаните контејнери за ПЕТ амбалажа, со што оваа единица овозможи да се заштедат пари за скапи набавки на контејнери.

    Вработените од оваа работилница се подготвени во секое време да делуваат и на терен доколку се појави дефект на возило од поголем обем.