Улицата „11 Октомври“ комплетно уредена

 

 

По проширувањето и изградбата на двосмерната улица „11 Октомври“, од страна на Локланата самоуправа, денеска комуналците комплетно го завршија хортикултурното уредување на централниот островски дел од улицата.

Се засадија 100 украсни зимзелени растенија од сортата Туја смарагд, а кружниот тек се освежи со сезонско цвеќе. Со уредувањето на кружниот тек и централниот дел од улицата, овој дел од градот заедно со улицата „Александар Македонски“, добиваат нов урбан изглед.

За наесен планирано е да се доуреди стариот кружен тек кај училиштето Гоце Делчев.