Се чисти Дабничка река

 

 

По барање на Локалната самоуправа ЈКП „Комуналец“, започна да ја чисти Оревоечка река.

Се работи на потегот од разделот на Оревоечка со Дабничка река па се до мостот кај касарните. Разноразен отпад кој требало да заврши на депонијата Алинци, зарасната трева и џбунови,  чистат деновиве Комуналците од  реката Дабничка.

Иако коритото редовно се чисти секоја година, со градежни машини или рачно, сепак, на оваа река која врви покрај типската населба неможе да се постигне ефектот на чиста река. Од  сите ободни и одводни канали кои доаѓаат од населбата Тризла со дождовите се донесува сето ѓубре, кое несовесните граѓани го истураат насекаде.

Од Комуналец, апелираат до граѓаните, сиот отпад, безразлика на видот и количината, освен градежниот шут,   да го собираат граѓаните, а Комуналец е должен да го земе од нивните домови.

Со рачно чистење се чистат зидовите на речното крито од обраснатата трева, а се чистат и големи количества на мил, тиње и  разноразен отпад со цел да се овозможи подобар проток на водите кој се слеваат во оваа река и да се создаде чиста животна средина.