Комуналците ги обновуваат парковите во населените места

 

 

Комуналец, во сите населени места каде има изградено паркови со детски игралишта, врши обновување на тревнатите површини и реквизитите.

Парковите се изградени пред неколку години и на дел од нив беа видливи поголеми оштетувања.

Ова е редовно сервисирање на парковските површини, велат од Комуналец. Заменети се оградните жици со нови, исфарбани се клупите и заменети нови штици, поставени се нови детски реквизити или е извршена поправка на постојните.

Комуналец, во населените места досега има изградено 14 парковски површини за одмор, релаксација и дружење.