Населбата Бончејца ќе добие зелени површини и детски игралишта

 

 

Се Уредува населбата Бончејца со површина од 10 илјади метри квадратни.

Моментално се работат влезовите од зградите со поставување на бехатон патеки, засејување на трева, детски игралишта и урбана опрема.

Проектот ќе се реализира во текот на 2016 год. При посетата и увидот во градежните работи на градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ростески, беше посочено дека населбата Бончејца, по долги години заслужува да блесне во сиот свој сјај. Населбата е градена во 65–тите години, од тогаш, до денес, во овој станбен блок воопшто не е инвестирано.

Ќе се работи преку целата година и верувам дека сите предвидени содржини ќе бидат од голема корист за жителите изјави Ристески.

Златко Ристески, директор на прилепски Комуналец рече  дека за потребите на населбата ископан е и бунар за технолошка вода за наводнување на зелените површини, додека, пак, мрежата за наводнување е инсталирана на дел од населбата. Бидеќи населбата опфаќа голема површина ќе се продолжи со поставувањето  на цевки за инсталирање на  мрежата за технолошка вода, додаде директорот Ристески.

Населбата Бончејца е една од поголемите станбени населби во Прилеп, која ќе одземе повеќе време за работа, но и инвестиција. Останува, најверојатно за наесен да ја видиме убавата слика за Бончејца.