Продолжува проектот за куќна селекција на отпад

 

 

Комуналец набави нова пратка од 1000 корпи за одпадоци, од вкупно планираните 3000 илјади предвидени во финасискиот план за годинава.

Досега Комуналец, вкупно има набавено  13 илјади корпи со инвестиција од 17 милиони и 576 илјади денари.

По нивната монтажа, единицата за премер деновиве ќе биде на терен каде ќе ги распределува корпите за отпадоци по предвидениот план и по реони. селекција. Распределбата ќе се врши во неколку населби со цел да се комплетираат релациите на движење на двете возила за собирање на органскиот и отпадот за селекција.

Од Комуналец, велат, дека, иако на почеток на овој проект граѓаните беа скептици, сега секојдневно имаат јавувања од корисниците на комуналните услуги кои се заинтересирани да потпишат договор за набавка на корпи. За да им се излезе во пресрет на граѓаните кои изминатиот период не добиле корпи од реоните каде се врши селекција, наредниве две недели Комуналец ќе склучува договори со корисниците на услуги од реоните каде граѓаните изминативе години не сакале или не биле присутни во домот за да им се достават корпи за отпад, оние кои имаат склучено договор ќе им бидат доставени на адресата.

Од Комуналец ги информираат граѓаните дека можат да се јават во просториите на одделенеито премер, кое се наоѓаат на вториот кат во пазарот.Повикот за граѓаните кои сакаат да склучат договор е за следниве населби: РИД 1 и 2, Тапани, Ѓогдере 1 и 2, Варошко маало,  Багеска ограда, дел од центарот, Аличаир илицата Браќа бешироски од Тризла и Под кули.

Да потсетиме, дека жолтата корпа за  селекција Комуналец ја дава бесплатно, додека зелената корпа која е за биоразградлив отпад, граѓаните можат да ја набават на 24 рати, или со наплата на сметката за ѓубретарина од 50 денари месечно. Досега Комуналец, во селекцијата има вложено над 80 милиони денари.

За комплетно завршување на примарната и секундарната селекција на отпад во 2016 и 2017 година, Комуналец треба да вложи уште еден милион евра, вклучуваќи ја тука и компостарата. Со ова, ќе бидат испочитувани законските обврски на општината и комуналното претпријатија во однос на примарната и секундарната селекција.