Комуналец ги реконстриура парковите во населените места

 

 

Во градов и населените места, Комуналец направи и одржува 56 малски паркови, кои како проект беа прифатени од граѓаните, заради можноста во близина на нивното живеалиште да имаат место за одмор и релаксација, а за најмладите и за забава.

По завршувањето со поправки и реконструкција на неколку градски маалски паркови, комуналците деновиве работат на целосна реконструкција на парковите во Мажучиште, Чепигово и Селце, по што ќе продолжи реконструкцијата и во останатите населени места каде се подигнати парковски површини.

Во населеното место Чепигово се изврши целосна обнова на паркот со засејување на нова трева, поставување на нова ограда, поправка на бехатон патеките и поставување на урбана опрема. Истото се направи и со паркот во Мажучиште, а моментално се работи и на парковската површина во Селце.Во наредниов период доколку дозволат временските прилики ќе се обновуваат парковите и во останатите населени места каде Комуналец има изградено парк.

Од Комуналец, велат дека ова е редовно сервисирање на подигнати парковски површини заради поминатото време од нивната изградба, но од друга страна, апелираат до граѓаните да бидат совесни и со внимание и почитување да пристапуваат во односот кон парковите.