Комплетно се уредуваат зелените површини и патеките во Точила 2

 

 

Комуналец, од октомври месецов се посвети на комплетно уредување на комплексот згради во Точила 2.

На површина од 20 илјади метри квадратни, ќе се прекопува површината и ќе се засејува нова трева, се уредуваат пристапните патеки со бехатон плочки, поставена ќе биде и урбана опрема, клупи и орпи за отпадоци, а ќе се прават и над 20 сетина детски игралишта.

По примерот на уредената површина од Точила 1 со 24 илјади метри квадратни, ова е втор од поголемите потези кои ги превзема да ги работи ЈКП„ Комуналец“ - Прилеп.