Кастрење дрвореди
Липите и дивите костени се обликуваат.
    Липите и дивите костени по сообракајниците во градов,по масовното кастрење,добиваат по втор пат нов облик.Наредниве денови комуналците ке работат на дотерување на крошните по дрворедите. Мирисливите липи и разеленетите  диви костени се ликот и диушата на градов, па затоа комуналците се решија на ново кастрење за да се добие естетска форма на  разеленетатата градска убавина.

    Златко Ристески директор на ЈКП Комуналец вели дека секоја година ке посветуваат огромно внимание на дрворедите, со цел да се добие форма и линија на дрвјата по сообрајкајниците. Негова и желба на комуналците е со голема упорност и стручност да се доведат во ред разбујнетите липи и костени и погледот фрлен на дрворедите да биде празник за очите.

    Од Комуналец апелираат до граѓаните и до дуќанџиите каде што се работи на естетското обликување, да им помоганат во заложбите и да не ги паркираат автомобилите на местата каде што се работи. Истовремено апелираат и до минувачите да ги одбегнуваат овие места за поминување за да не дојде до несакани последици, зашто се  работело со моторни пили и други помагала.