Прилепски Комуналец на врвот на својата задача

 

 

По сите убавини кои се случуваа на овогодинешниот Пиво фест, останува комуналците да направат генералка на градов, со цел, убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба, како и ништо да не се случуавало.

Горди на својата работа, горди на постигнувањата и пофалбите кои ги имаа од посетителите, комуналците остануваат на заложбата градов да го држи приматот за најчист град и да биде пример во државава.

Не помала е работата и на подигачите на смет, кои, се она што ќе се собере треба да го транспортираат и депонираат до депонијата Алинци.

Од рани зори, единицата за селекција на отпад, најнапред, собра се она што може да се рециклира. Додека, пак, единиците Метачи и Паркови и зленило пристапија кон темелно метење на плоштадите, улиците , тротоарите и зелените површини.