Се обликуваат дрворедите во градов

 

 

Комуналците по пролетното кастрење на дрвјата и сечењето на проблематичните дрвја, деновиве работат на фино кроење на дрвјата по дрворедите и парковите.

Покрај естетскиот изглед на дрвјата, проодноста на тротоарите, со кроењето се добива и поголема прегледност по сообрајќајниците, а посебно се води грижа за прегледноста на сообрајќајната сигнализација.
Покрај ова , комуналците и годинава со налог од комисијата извршија и ќе вршат кастрење на дрвјата по барање од граѓани, а за кои општинската комисија проценила дека се од висок ризик.

Така речи, покрај големото кастрење на одредени дрвја заради нивната застареност, комуналците извршија фино кастрење скоро на целото зеленило во градов. Или во бројка над 1000 дрвја се третирани оваа пролет со кастрење до стебло или фино кроење.

Деновиве, Комуналец работи на булеварот па се до железничката станица. Во изминатиов период се изврши кастерење во населбата Димо наредникот, населбата Точила, улиците Сотка Ѓорѓиоски, цар Самоил, 11 октомври, Александар македонски, Градскиот саат, потегот Солидност Табана и неколку помали улички.

Прилеп е еден од ретките градови во државава каде се зачувани дрворедите и се води посебна грижа за одржување во кондиција на дрвјата со редовно кроење, а по потреба и во зависност од староста и видот на дрвјата и со ниско кастрење до стебло, кое, комуналците го практикуваат изминативе години.