Планинарски камп за најмладите и едукација за одлагање на отпад во природа

 

 

Разнобојни камперски шатори, зеленило во недоглед, Планинарски дом, автентични камени стари куќи, планински поточиња, беше сликата која ја здогледавме од далеку на првиот панинарски камп за деца во организација на Планинарското друштво „Козјак“, стационарано во селото Стровија.

Инаку, ЈКП„Комуналец“-Прилеп е едно од ретките јавни претпријатија кое од 2008 година ја воведе селекцијата на отпадот и на месечно ниво се рециклираат над 100 тони отпад.

На дечињата им беа поделени пластични кеси во жолта боја за селкција на отпад и црни вреќи за биоразградлив отпад или отпадоци од храна, лисја и др. Дечињата се интересираа кој отпад е најштетен за водата и почвата. Поставуваа и прашања зошто шишињата изфрлени во природа тешко се разградуваат. Воедно, им беше посочено на своите родители да им пренесат кога се наоѓаат во природа, да ги собираат отпадоците во пластични кеси кои самите го создале, да ги земат со себе, и да ги одложат во првиот градски контејнер на враќање.
„Природата, е таа која ни ги овозможува ресурсите кои ни се неопходни за опстанок на човештвото. Се што создала природата мораме да го зачуваме. Вие сте потенцијалот, кои со своето однесување морате да стекнете навики за правилно третирање на отпадот, а со тоа да ја заштитите мајката  природа. Затоа е неопходно сите отпадоци кои ќе настанат за време на престојот во природа да се соберат во кеси. Уште е подобро ако успеете отпадот да го селектирате, а организаторите на ваквите организирани групи да се јават во Јавното комунално претпријатие кое функционира на територијата на престојот и да го собере отпадот, истакна на почетокот од своето едукативно предавање Лилјана Пурдеска-Силјаноска, раководител за односи со јавност.

Идејата на планинарите од Козјак беше да ја разбудат детската фантазија за престој во природа со камперски шатори. Покрај многубројните часови за однесување во природа, на покана од Палнинарското друштво „Козјак“, со свој едукативен час учествуваа и од ЈКП„Комуналец“-Прилеп. Децата беа запознати со управувањето на настанатиот отпад во природа за време на кампување или за време на пикник во природа.