ЈКП„Комуналец„ Прилеп ја затвора постоечката депонија.

 

 

По 40 години депонијата Алинци комплетно се ревитализира. ЈКП„Комуналец„-Прилеп, во соработка со подизведувачот од изградбата на фабриката Гентерм и Локалната самоуправа, работи веќе трета недела на комплетно затворање на стариот дел од депонијата.

Над 30 илјади метри кубни земја се распослани на депонијата, за нејзино целосно покривање ќе се искористи околу 50 илјади метри кубни. Покриена е комплетна косина на депонијата се работи на површинскиот дел, така речи, не е видливо ништо од досегашниот отпад.

Веднаш по покривањето ќе започне и дупчењето на отвори, со цел депонијата да може да го испушта метанот, а паралено ќе се работи и на ободен канал околу депонијата кој ќе го прибира исцедокот и истиот ќе биде транспортиран за прерботка во соодветна станица.

Од Комуналец, не информираа дека по целосното покривање на депонијата, отпадот ќе го складираат во етажни ламели, кои се започнати да се ископуваат до постоечката депонија.

Се работи и на рамнење и подготвување на теренот за изградба на фабриката за селекција на отпад. Планирано е во истата да се преработува повремено и старата депонија и за 5-6 години истата да биде целосно затворена и рекултивирана.

Во тек е и јавен оглас за купување на приватно земјиште околу депонијата за потребите за изградба на компостара која е планирана да се гради во 2016 и 2017 година. Комуналец во 2012 и 2013 година купи приватно земјоште за потребите на плато од планираниот Центар за управување со отпад.

Со изведувањето на работите на депонијата, грижата за животната средина, воведувањето на преимарната и секундарната селекција, Прилеп, е еден од ретките градови кои при влезот на државава во Европската Унија ќе има завршено поголем дел од укажаните директиви од Унијата. Моментално со мануелна обработка на месечно ниво, Комуналец селектира над 130 тони рециклирачки материјали од кои се продаваат околу 100-тина тони, а останатите материјали се складираат и се работи на изнајдување на пласман. Покрај финасискиот ефект и отворањето на нови работни места, најголем адут за прилепчани е зачувувањето на животната средина.