Се кастрат јаворите во Димо Наредникот

 

 

По оценка на Комисијата за сечење дрвја, но и по барање на жителите од зградите во населбата Димо Наредникот, денеска  комуналците работеја на  високо кастрење на јаворите.

Пред да се започне со кастрењето, Комуналец  изврши  комуникација со жителите за да нема реакција од нивна страна.
Во втора фаза,  се планира да се изврши дополнително кастрење со изнајмување на корпа, заради висината на јаворите, кои веќе ги  надминаа со раст висината на зградите.