ЈКП„Комуналец“ годинава ќе се насочи кон дополнителна едукација на тема „Отпад, опасности, придобивки и предизвици“

 

 

Во организација на ЈКП„Комуналец„-Прилеп, во киното Мис Стон, неделава се одржа едукативно предавање со видео проекција на тема „Отпад, опасности, придобивки и предизвици“.

Дали ќе чекаме Европа да ни испорача пенали, дали ќе проработи свеста кај секој поединец, или, пак, ќе чекаме да не казнуваат, па потоа да се научиме. Во колективната свест да зацртаме и да дадеме примат на отпадот кој со години наназад го сметаме за исфрли- затрупај.


За присутните беше прикажан и едукативен филм, со кој, се фрли акцент на заштитата на животната средина, климатските промени, економското влијание на беспредметната потрошувачка од неквалитетното производство, која, пак, потрошувачка,   создава големи количини на отпад за истиот да влијае на севкупното живеење и загрозување на планетата земја. За да ги зачуваме природните ресурси, за да го намалиме затрупувањето на отпадот кој пак ја загадува почвата и воздухот мораме да селектираме, во домовите, на работното место, насекаде.


Заради лидерството како град, по однос на правилното треирање и управување со отпадот од Министерството за животна средина и просторно планирање се упатуваат апели до остнатите градови да го следат примерот на Прилеп во однос на селекцијата на отпадот. Прилепски Комуналец, држи до тезата, со сопствени средства да ја изгради фабриката за селекција на отпад. Ако моменталниот процент е 35 % селектиран отпад, со фабриката би се селектирало околу 65-70 проценти , вклучуваќи ја тука и компостарата за биоразградлив отпад.
Законските решенија државата ги донесе и тое се применливи и во склад со европската регулатива, колку како држава и град ќе успееме да ги реализираме, зависи од нашиот ентузијазам, идеи, организација на теренот, а не од парите- истакна на крајот од своето излагање Ристески.


Ристески, истакна дека отпадот никој не го сака, а градот мора да го има, и додаде дека Прилеп е лидер во државава и пошироко каде е спроведена примарната селекција на отпадот, и за која се вложени големи средства и човечки ресурси со цел истата да биде успешна. Тој упати апел до бизнис секторот, да обрнат внимание и едукација во нивните фирми со цел да се намали мешањето на отпадот и ја најави новата методологија за пресметка, која ќе биде по метар кубен и која селекција многу ќе влијае на финасиите во фирмите. Воедно упати и апел, производителите да користат материјали кои се за рецклирање при процесот на производство, заради долгорочна исплатливост и кокурентност на производот.


Златко Ристески – директор на ЈКП„Комуналец“, се осврна на хрватското искуство по влегувањето на државата во ЕУ, и тамошните проблеми кои ги имаат општините, а покрај нив и државата. Тој потенцираше и укажа дека мораме како држава, а пред се како град да обрнеме поголемо внимание на правилното третирање и управување со отпадот, со цел да не го доживееме искуството од блиските држави, кои по овој однос на отпадот плаќаат високи пенали во Европската унија.


Приситните од бизнис секторот, образовните институции, вработените од Комуналец и секторски поврзаните одделенија од Локалната самоуправа се запознаа со искуствата на земјите членки во Европската унија по однос на управувањето со отпад.