Одржување на гробиштата
Големи површини на навите градски гробишта - големи маки за Комуналец.
    Комуналци од работната единица гробишта, засилени со дополнителни екипи од косачи заради обемната работа и големата површина на новите градски гробишта,работи такаречи двосменски.

    Веќе се исчистени и искосени огромните тревнати  површини.

    Купишта отпад и трева единицата за подигање изнесува секојдневно.

    Исчистен е комплетно и одводниот канал,кој со години  го обраснуваа трње и шипови.

    Од Комуналец велат дека од почетокот на издавањето на парцелите во новите гровишта не се водело сметка да се создаваат прави и збиени парцели и еднакви гробни места. Од таму најавуваат дека треба да се работи на овој план и барем во иднина да се исправат грешките. Тие велат дека се создало голема површина која ниту е функционална за прави патеки,ниту пак за уредени и еднакви гробни места.

    Екипите ке продолжат да работат забрзано за до Големиот православен празник Дуовден да можат да ги уредат огромните расцепкани парцели. Од Комуналец појаснуваат дека триесетте денари кои ги плакаат граганите на сметката за комунална такса се за одржување на петеките, парцелите, собирањето и изнесувањето на смет, додека граганите се должни да си го исчистат гробното место. Но од таму велат дека секаде каде што имаат можност за пристап до гробните полина и каде може да се коси со дијамантските косилици или рачни коси, комплетно се чистат и гробните места. Или годишната рента за гробно поле граганинот го чини 340 денари, што ни од далеку не ги покрива секојдневните трошоци кое ги прави Работната единица гробишта.