Осветена е Градската капела во Прилеп

 

 

Со чинот на осветување денеска се стави во употреба Градската капела која е прв објект од ваков тип во Прилеп.

Капелата е изградена на засебна парцела од 4000 м2 со градежен и корисен дел од 1000 м2 и со 750 м2 урбанизирано плато. Градена е по сите стандарди за изведба на објекти од ваков карактер.

Во Капелата ќе можа да се одвиваат 4 погребални церомонии истовремено. Капелскиот дел е фрескоживописан за да може да се извршува опело на покојникот. Инсталирана е и мортална касетна комора со 9 засебни комори и еден замрзнувач во вредност од 1.260.000 ден. Внатрешниот ентериер е осмислен да ги задоволува сите потреби за обавување на погребални церемонии. За потребите на семејствата се издвоени и посебни простории, со цел да им се олесни на граѓаните сите обреди да се извршуваат во Капелата. Во посебниот дел од Капелата ќе биде сместен и административно услужниот персонал.

Оваа капела е една од најголемите и најпространи во државава, a вкупната инвестиција на објектот е околу 25.000.000 денари од кои Локалната самоуправа има инвестирано 12.000.000 ден, а Комуналец од сопствени средства околу 13.000.000 ден.

Градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески ја истакна неопходноста која ја имаше општината од изградбата на Капелата.

Директорот на ЈКП„Комуналец“, Златко Ристески ја потенцираше функционалноста, пространоста и услугата која ќе ја извршуваат за во најтешките моменти семејствата да имаат Храм каде на едно место би се извршиле сите церемонии и обреди.

Иако, законските прописи велат дека доколку во местото на настанување на смртта има Капела, покојникот задолжително треба се сместува во Капела, сепак , од Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, имаат разбирање за чувствата на граѓаните и ќе остават простор граѓаните самите да се одлучат дали ќе ги користат капелските услуги.

Што се однесува до цените тие се симболични и пакет услуга е околу 3.700 ден. Тука спаѓа подготовка на покојникот, изложување и извршување на опело , сместување во комора , и користење на засебна просторија за семејството на починатиот.

Воедно со чинот на осветување на оваа капела започна изградбата на црквата „Св. Тројца“ чии темели се ставени пред повеќе години, а се гради веднаш до Капелата. Исто така од денеска започнуваат и градежните активности за изградаба на нова помала капела на старите градски гробишта.