Осветување на Капелата на 10 Октомври

 

 

Капелата на Новите градски гробишта ќе се осветува на 10 октомври. Осветувањето ќе го изврши Неговото Високо Преосвештенство митрополит Преспанско–пелагониски, Господин Петар.

Од Комуналец, велат дека капелата е градена и уредена да ги задоволи комплентите потреби на граѓаните, и секако, ќе биде олеснителна околност во најтешките моменти за граѓаните. Вкупната инвестиција на објектот е околу 25.000,000,оо денари од кои Локалната самоуправа има инвестирано 12.000,000,оо ден и Комуналец од сопствени средства и рака околу 13.000,000,оо ден.

Капелата е една од најголемите и најпространите капели во државава, а услугата според зконските прописи е пресметана по едница – час. Иако, законските прописи велат дека доколку во местото на настанување на смртта има Капела, покојникот  задолжително треба се сместува во Капела, сепак, од Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, имаат разбирање за чувствата на  граѓаните и ќе остават простор граѓаните самите да се одлучат дали ќе ги користат капелските услуги. Што се однесува до цените кои ги интересираат граѓаните тие се симболични и пакет услуга би чинела од единица час околу 3.700, оо ден.  Тука спаѓа подготовка на покојникот, изложување и извршување на опело, сместување во комора, и користење на засебна просторија за семејството на починатиот или по народски за покој и душа на починатиот.

Златко Ристески, директорот на ЈКП„Комуналец“, најави дека капелата ќе започне со работа веднаш по осветувањето и  пред новинарите  ја образложи идната работа и функционирањето на објектот како една олеснителна околност  за граѓаните во најтешките моменти.  

Градоначалникот Марјан Ристески при посетата на завршните работи на капелата изјави дека најавениот објект ќе биде осветен на 10 Октомври, истиот ден ќе  започне и изградбата на црквата посветена Светите Тројца која има поставено темели до Капелата одамнина и овој ветен верски објект ќе се гради со средства од Локаланата самоуправа и ЈКП„ Комуналец“. Истиот ден ќе се постави и камен темелник за изградба на Капела во старите гробишта со средства собрани од Здружението за заштита на Старите градски гробишта.

Капелата е изградена на засебна парцела од 4500м2 со градежен и корисен дел од 1000м2 и со 500 м2 урбанизирано плато.  Капелата е градена по сите стандарди за изведба на објекти од ваков карактер. Во Капелата ќе можад да се одвиваат 4 погребални церомонии истовремено. Капелскиот дел е фрескоживописан за да може  а се извршува опело на покојникот. Инсталирана е и мортална касетна комора со 9 засебни комори и еден замрзнувач во вредност од 1.260,000,оо ден.  Внатрешниот ентериер е осмислен да ги задоволува  сите потреби за обавување на погребални церемонии. За потребите на  семејствата се издвоени и посебни простории, со цел да  им се олесни на граѓаните сите обреди да се извршуваат во Капелата. Во посебниот дел од Капелата  ќе биде сместен и административно услужниот персонал.