Се косат сите влезови во градов

 

 

Во Прилеп се е во знакот на престојниот Пиво фест.

Покрај сите обврски кои екипите на Комуналец ги имаат, паралелно, започнаа и со чистење и косење на сите  влезови во градов.

По косењето и чистењето на излезот од железничката станица по патот за Крушево, започнаа активностите за чистење на надвозникот кај Салида со косење и темелно чистење. Се работи и на  влезот кај Лук Оил каде неодамна овој простор доби комплетно нов изглед со засадување на чемпрес  и туја, а ќе се коси и на излезот за Македонски брод.

Од  Комуналец, велат дека и за овој Пиво фест нивните екипи ќе бидат во служба на градов, граѓаните и гостите .