Крпење на камените плочи на патеката Крали Марко

 

 

Се уредува трусистичката патека Крали Марко во Варош.

Комуналците, деновиве се ангажирани во населбата Варош каде покрај редовното одржување на населбата со чистење и косење, вршат и редовно крпење на откорнатите камени плочи на патеката Крали Марко, која води од Амфитеатарот до манастирот Архангел Михаил.

Грижата за културното наследство кое го има во изобилство во оваа прилепска населба е должност на Локалната самоуправа, редовно да го одржува и се грижи за опстој за поколенија и поколенија.