Вложувањата во комуналната инфраструктура ги потврди очекувањата од предвиденото

 

 

Комуналците, веќе можат да се пофалат со резултатите од рециклиран отпад на месечно и годишно ниво.

Секојдневно на платото за рециклирање стигнуваат големи количини на рециклиран отпад од примарната селекција, која ги опфаќа домаќинствата, и контејнерската селекција од јавно прометните површини и институциите. Се селектираат неколку видови на материјали и тоа: најлон, картон, бела и разновидна хартија, Пет амбалажа, тврда пластика, лименка, пластични чаши, целофан, паковања од хемисkи стоки и разновидни тетра паковања со ознака за рециклиран отпад. Или, во 2013 година само од рециклирачки материјали, Комуналец, инкасира 5 милони и 300 илјади денари што во целост приходите ги покриваат трошоците за Едницата селекција на отпад во која работат 40 работници.

Покрај доселектирањето на материјалите и пресирањето во тонги, се врши и селекција на отпад на депонијата Алинци од сув отпад, кој е несекетиран во примарната селекција. Или, на месечно ниво се рециклира околу 70-ина тони картон и хартија, 12 тони пластика, 5-6 тони најлон и целофан и над 30 тони други рециклирачки материјали.

Иако, на почеток на воведувањето на примарната селекција имаше голем број на скептици, денес, со право може да се каже дека рециклирачките материјали не се носат до депонијата Алинци, не ја загадуваат животната средина, не се зголемува волуменот на Депонијата, а воедно, Комуналец не троши пари и работна сила за управување со рециклираниот отпад кој е комерцијален. Со вака поставената селекција се штеди и на транспорт на отпадот, а доколку истиот селектиран отпад, кој е волуменски, а не тежински, би се носел до депонијата Алинци би чинел плус трошоци за нафта и амортизација за 26 километри по камион во двата правци.
Виспоставениот принцип на работа во примарната селекција со контејнерската селекција и селекцијата во домаќинствата со две корпи, набавката на новите возила за селекција, потребните алати, машини за пресирање и утовар, изградба на мини хали во механичка работилница и на депониaта, се со инвестиција од над еден и пол милион евра, вклучувајќи ја тука и Линијата за селекција на отпад. Од Комуналец велат дека ова се нивни лични одвојувања во инвестиција. Планираат да вложат уште во изградба на хала со инвестиција од 10 милиони денари, компостара од 30 милиони денари и дробилична постројка за градежен шут. Овие планирани инвестиции, кои , сега за сега, Комуналец неможе да ги реализира заради финасиски причини на градов ќе му донесат уште 120 вработувања.

Од Комуналец, информираат дека ветените проекти во секундарната селекција ќе најдат начин како да ги реализираат кон крајот на 2014 и 2015-сетата година. Инаку, Прилеп е еден од ретките градови каде беспрекорно функционира примарната селекција, која е најефтина по вложувања, но најтешка во организационата поставеност и финкционирање.