Се косат и чистат проблематичните делови од градската река

 

 

Троскот, шамак, коприва и висока трева, од денеска па наредниве 10 дена ќе косат и чистат комуналците на проблематичните делови од градската река.

Започнато е косењето од  мостот Димо Наредникот накај населбата Сточен пазар, а веднаш по завршувањето на овој дел од реката ќе се коси и чисти од разделот на Оревоечка со Дабничка река накај Градскиот базен.

За  овој потег, ангажирани се најискусните и обучени работници од Комуналец, а воедно, набавени се потребните алати и средства, со цел на вработените да им се олесни оперативната работа која ни малку не е едноставна, а воедно е и ризична заради обилните дождови изјави Златко Ристески, директпр на ЈКП„Комуналец“ и додаде, дека, годинава и покрај зголемениот обем на работа успеваат да ги задоволат потребите на граѓаните и да понудат врвна услуга по основ на чистењето и уредувањето на градот.

По завршувањето со третото косење на сите градски тревнати површини, стадиони, паркови и зеленилото по Јавно прометните површини, комуналците ги косат запоставените делови од старата виша до гимназијата „Мирче Ацев“, и запоставените делови во старата болница се до старо заразно одделение.

Од Комуналец, информираат дека по овие потези поголема група од косачи ќе ги средува сите излези и влезови во градов.