ЈКП „Комуналец“ по втор пат ја коси градската река

 

 

По втор пат годинава се коси градската река.

Годинешниве врнежи направија дополнителна работа околу речното корито. По косењето на урбанизираниот дел од речното корито ќе се косат проблематичните делови со шамак, троскот и висока трева накај железничката пруга и потегот накај Градскиот базен.

Градоначалникот Марјан Ристески, изјави  дека со изградување на пречистителната станица и новата канализациона мрежа,   речното градско корито комплетно ќе биде урбанизирано.