Фарбање графити
Се чистат графитите од јавните површини. Со цел да се применува и почитува Законот за јавна чистота Локалната самоуправа од градов во соработка со ЗЕЛС ја спроведува акцијата за бојадисување на недоличните графити.

    Акцијата започна од гимназијата „Мирче Ацев” каде активно беа вклучени учениците и професорите. Градоначалникот Марјан Ристески, им се придружи на средношколците кои ја бојадисуваа фасадата на училишната зграда, и истакна дека ја поддржува оваа акција но додаде дека не секој графит треба да биде избришан, затоа што дел од графитите се уметнички направени и се дел од урбаното живеење.

Градоначалникот Ристески, потенцираше дека во нашиот град ќе бидат предвидени места каде ќе можат да се цртаат графите, се со цел да дојде до израз уметноста која ја поседуваат нашите сограѓани.

 


 

Акцијата за чистење на графитите од јавните површини продолж и во бизнис центарот, а наредниве денови ќе се бојадисуваат и други локации каде работата ке ја извршуваат екипи на ЈКП„Комуналец“.