По каплта и прашините, трева како тепих

 

 

ЈКП„Комуналец“, по препорака од Локалната самоуправа и по сите случувања со ФК„Победа“, презеде обврска  да го одржува градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Калта, прашината и нерамниот терен  веќе го нема. Стадионот, комуналците го претворија во зелен тепих.

Градоначалникот Марјан Ристески  со спортските фудбалски работници од градов го посети стадинот и изрази благодарност до  комуналците.

Тој  најави дека со средства од Локалната самоуправа и со донација од УЕФА од околу  еден милион евра, целосно ќе се  адаптира стадионот согласно  стандардите. Најави дека Прилеп ќе се гордее со уште едн капитален проект.

Златко Ристески – директор на ЈКП„Комуналец“, вели дека ваквите дополнителни ангажмани им создаваат понекогаш проблем во работењето, но кога е во интерес на општото добро на сите граѓани, посебно за допринос во спортот, тие стојат на располагање и отворени се за соработка како општсетвено одговорно јавно претпријатие.

За фудбалот во Прилеп има иднина, велат спортските фудбалски работници и додаваат дека поддршката и соработката со сегашната гарнитура од Локалната самоуправа им е добродедојдена.