Акција за пролетно генерално чистење во градот

 

 

ЈКП„Комуналец„-Прилеп во соработка со Локалната самоуправа и во кординација со противпожарната служба и војската од касарната Мирче Ацев, започнаа голема  акција за генерални чистење во градов.

Акцијата ќе ги опфати  сите Урбани заедници, а таму ќе се чистат и улиците кои не се опфатени со дневното одржување со Оперативниот план.

Градоначалникот Марјан Ристески на денешниот прес потенцираше дека во градов е поставена основата да се одржуваат, метат и мијат јавно прометните површини, сообраќајниците, плоштадите и парковите, и дел од поголемите улчици во населбите, но верува дека оваа акција ќе даде еден нов белег во чистота и културата на живеење во Прилеп. Воедно, изрази голема благодарност до вработените на ЈКП„Комуналец“, кој во краток рок успеаа да ги освежат големите парковски површини и малските паркови со бојадисување на клупите, замена на оградна жица и поправка на детските реквизити со цел граѓаните да  ја чувствуваат благодетта од пролетните прошетки и починки.

Од ЈКП„Комуналец’-Прилеп информираат дека е направен план и динамика за работа и веруваат дека во теков на месецов ќе стигнат да направат генралка на градов. Моментално велат ода таму се пери и чисти централното градско подраче, а од сабота ќе се чистат населбите Рид 1 и Сточен пазар. За редоследот на чистењето по Урбани заедници граѓаните ќе бидат благовремено информирани.

Со оглед на тоа што се работи на големи градежни зафати на повеќе  локации и е направена прашина низ населбите  посебно внимание ќе се посвети во тие населби за да им се овозможи на граѓаните чиста животна средина и Прилеп и понатаму да го задржи епитетот најчист град во Македонија.