Блеснува влезот на градов од кај Лук оил

 

 

ЈКП „Комуналец“ завршува со уредување на централниот дел на ул„Александар Македонски“ од влезот кај Лук оил.

Се уредува централниот дел во должина од 800 метри со аризонски чемпрес и украсна туја. На овој  дел се засадени 450 садници, а воедно ќе се засејува и англиска трева.

Од Комуналец, апелираат до граѓаните да внимаваат и го пазат зеленилото кое го засадуваат, и информираат дека на тој дел веќе се украдени 10 тина од несовесни граѓани.