Прилеп, засади 1500 рози

 

 

Македонија земја на цвеќето - земја на розите

Комуналците се вклучија во спроведувањето на националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето - земја на розите на денот на пролетта, 21 март 2014 година, чии национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцијата во Прилеп ја спроведува ЈКП„Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа.

Засадени беа 1500 рози на различни локации. Се обновија садниците во центарот на градот, се засадуваше во паркот кај Судот, паркот наспроти Липа, во населбата Точила, Димо Наредникот, парк Типска насеба и Могила.

Спроведувањето на еколошката кампања под наслов „Македонија земја на цвеќето - земја на розите“ има долгорочен позитивен ефект врз животната средина и здравјето на луѓето. Проектот има за цел на национално ниво да ги претвори урбаните средини во вистински цветни градини кои го прочистуваат загадениот воздух и создаваат визуелно - естетски рај за сетилата.