Комуналец продолжува со рарпределба ка корпи за селекција

 

 

Набавени се 1000 корпи за отпадоци од вкупно планираните 10 илјади.

Од среда, единицата за премер ќе биде на терен каде ќе ги распределува корпите за отпадоци по предвидениот план.

Распределбата ќе се врши во неколку населби каде домаќинствата не добија корпи, а имаат потпишано договори, со цел да се комплетираат релациите на движење на двете возила за органски и отпад за селекција. Потоа ќе се пристапи кон распределба  во куќите  кај печатницата „11 октомври“, дел од населбата Сточен пазар, останатиот дел од Варошко мало и неколку помали и споредни улички во овој реон. Зависно од количината и  редоследот, следна планирана населба за распределба е Бончејца.

Од Комуналец, велат дека иако на почеток на овој проект граѓаните беа скептици, сега секојдневно имаат јавувања и корисниците на комуналните услуги се заинтересирани да потпишат договор за набавка на корпи. Да потсетиме, дека жолтата корпа за  селекција Комуналец ја дава бесплатно, додека зелената корпа која е за биоразградлив отпад, граѓаните можат да ја набават на 24 рати, или со наплата на сметката за ѓубретарина од 50 денари месечно.

Комуналец од соптвени средства досега има инвестирано во 1000 контејнери за селекција по јавно прометните површини и станбените блокови со инвестиција од 15 милиони денари. Во 2013 година беа распределени 11 илјади корпи за селекција, со инвестиција од 12 милиони 375 илјади денари.Преси за селекција и набавка на возила со инвестиција од 9 милиони денари, Изградба на хали за селекција од помал обем, и купено приватно земјиште околу депонијата за изградна на хала. Набавена е и линијата за селекција со инвестиција од 12 милиони и 600 илјади денари. Или, Комуналец досега има вложено над 50 милиони денари.

За комплетно завршување на примарната и секундарната селекција на отпад во 2013 и 2014 година, Комуналец треба да вложи уште еден милион евра. Со ова, ќе бидат испочитувани законските обврски на општините и комуналните претпријатија.

Примарната селекција е основата во селектирањето на отпадот и е долгорочно најефтин и најисплатлив модел, но општините го избегнуваат овој модел заради планскиот и организационен дел кој е најтежок за спроведување. Од Комуналец, велат дека го одбрале овој модел како долгорочно најисплатлив и најефтин, а со добро планирање, работа и дисцилина секој модел може да биде лесен.