Комуналец го доуредува просторот пред зградите наспроти касарната

 

 

Со убавото време, комуналците продолжуваат со уредување на слободните површини пред зградите.

Овој дел од градот се работи по барање на граѓаните заради одалеченоста на парковските површини кои се во централното градско подрачје или во другите населби.

Овие површини целосно ќе се урбанизират со бехатон патеки, детски игралишта, тревнати површини и урбана опрема.

За потребите за полевање ископан е бинар со издашност од 5 литри во секунда. Со ова Комуналец ја продолжува практиката секој дел од градов да има катче за одмор, релаксација и забава.