Комуналец гради парк во село Подмол

 

 

На површина од 1000 м2, Комуналец во кругот на училиштето во село Подмол гради парк.

Паркот ќе содржи бехатон патеки, детски игралишта,клупи, корпи за отпадоци, тревнати површини и хортикултурно уредување. Ќе има и отворена училница со мермерни столчиња, која ќе се користи во топлите денови за настава во природа.