Градаоначалникот ги посети комуналците и изврши увид на сработеното на Градскиот стадион

 

 

Изминатава година стадионот воопшто не се одржуваше, со тоа се доведе во прашање и одржувањето на фудбалските натпревари.

Само за стадинот се  употребени 1100 килограми семе и околу 60 м3 арско ѓубре.  Како  одговорно општесетвена фирма, ЈКП„Комуналец“-Прилеп во 2010 година ископа бунар на градскиот стадион со издашност од 5 литри во секунда кој ќе се употребува за полевање.


Директорот Златко Ристески, изјави дека веќе e израмнет и засејан теренот, а во тек е кастрењето на околните дрвја и комплетно чистење на трибините.
Градоначалникот Марјан Ристески, најави дека во тек е постапка со која Агенцијата за спорт и млади, градските стадиони ќе  ги даде во владение на Локалните самоуправи. Со тоа, градските власти најавуваат големи инвестиции за стадионот кој вклучуваат и уредување на трибините.


Изминатава година стадионот воопшто не се одржуваше, со тоа се доведе во прашање и одржувањето на фудбалските натпревари. Затоа, Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, со цел да дадат придонес во спортот истиот го рехабилитираат во целост.