Засадување дрва

Со цел разубавување на градот ЈКП„Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа, редовно засадуваат различни видови на дрва.

Засадени се и обновени дрвата покрај Градската река, на  Паркот на Револуција  во централното градско подрачје и на неколку сообрајќајници. Германската амбасада побара од Локалната самоуправа да се засадат дрвја и на оваа површина, при што ЈКП„Комуналец“ набави и засади 20-сетина брези и липи. Годинава ке се засадат над 400 дрва околу старите градски гробишта со цел, околу гробиштата да се создаде зелен појас.


    Од Комуналец велат дека годишно се уништуваат над 100-тина дрвја во градов. Таму каде што е можно повторно се обновуваат. На неколку локации засадени се и по 4 -ти пат, но несовесните граѓани ги уништуваат. Таков е примерот на улицата„Мице Козар“, каде Комуналците по повеке кратното уништување на дрвцата, се откажаа веќе да засадуваат.