Над 3000 м2 градежен шут и комунален отпад, исфрлен од несовесни граѓани

 

 

Месецов, Комуналците ќе се посветат на чистење на комунален отпад и купишта градежен шут на локалитетот под вештачкото езеро.

Од Комуналец, уште еднаш апелираат до сите грагани и фирми кои градат на територијата на општина Прилеп да се обраќаат до нив, и отпадот да го собирааат, а Комуналец ќе го транспортира и депонира на соодветните места за складирање на отпад.


Кон акцијата за чистење се придружија и членовите на спортскиот клуб за болдеринг од нашиов град кои чистеа комунален отпад.


Градоначалникот Марјан Ристески, изјави дека нема да дозволи под мистичните карпи и местото каде што во иднина треба да се одржи светскиот куп во Болдеринг да се гледа и натрупува купишта градежен шут, туку, во координација со Комуналец покрај што ќе го исчистат овој локалитет истиот во иднина и да го одржуваат.


Директорот на Комуналец, Златко Ристески, вели дека глетката не е ниту убава, ниту долична за еден град кој се труди да го држи приматот „најчист град“. И покрај нивните секојдневни заложби и апели до граѓаните совеста кај поединци никако да проработи.


Поточно, ќе се чистат дивите депонии од комунален отпад покрај патот до езерото и градежен шут спрема месноста Кукул. Според проценките од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, само од овој локалитет ќе се исчистат над  2500 метри кубни градежен шут и околу 500 метри кубни комунален отпад.