Иако рано се прави генралка на градот

 

 

Со убавото време комуналците се во план да ги измијат сите поголеми сообраќајници низ градов.

Иако зимава не им создаде поголеми проблеми во одржувањето на улиците,  од таму велат дека улиците редовно се метат, но, според планот  за работа предвидено е и да се мијат, со цел, да се обезбеди чиста животна средина за граѓаните.

По миењето на централното градско подрачје, денеска се миеја улиците Димо Наредникот, и на потегот од Салида до Чумовчанец. По ова, доколку послужат временските услови ќе се мијат илиците „Прилепски бранители“, „Архиепископ Доситеј“, „Самоилова“ и „Војводинска“ во Точила, покрај кејот, „Јоска Јорданоски“, „Васко Карангелески“ и други.

Комуналците, апелираат до граѓаните да имаат разбирање за активностите кои ги превземаат и да не се создава беспотребна нервоза кај возачите, зашто генералното миење на улиците ќе потрае во текот на месецов.

Покрај миењето на улиците се прави генералка и на плоштадите, парковите и тротоарите.